забегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера во нешто, излезе од тоа што е нормално, вообичаено.
Примери:
Тој забега во однесувањето.
прекардашат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера, надмине мера.
Примери:
И при ризик малку (ама само малку) да прекардашам.
пресолат
Вид збор: Глагол, свршен
Премине граница, претера во нешто.
Примери:
Навистина ја пресоли со шегите.
претераат
Вид збор: Глагол, свршен
Премине мерка, определена граница во нешто; прикаже, претстави нешто поголемо отколку што е.
Примери:
Претера со нејзините барања.
преувеличат
Вид збор: Глагол, свршен
Претстави некого или нешто во поголеми размери одошто се.
Примери:
Ги преувеличи работите.
пумпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
зголеми, увеличи
Примери:
Ги пумпа цените - ги зголеми цените.
увеличат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера во прикажување или опишување на нешто.
Примери:
Ти намерно ја увеличи работата.
увеличуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
хипербилизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен